Лукас Тореира сака да ја напушти Европа по завршувањето на сезоната. Во интервју за ЕСПН, играчот на Арсенал, кој сезонава е позајмен во Атлетико Мадрид, упатил апел до клубот да му дозволат да се врати во Јужна Америка.
„Мојот татко со солзи во очите ми кажа дека е време да игра за Бока јуниорс. Тоа, по смертта на мојата мајка, му го кажав и на тренерот. Не сакам да се враќам во Европа, сакам да игра за Бока. Сакам да бидам со семејството. Многу млад заминав од дома. Сега сакам да бидам поблиску до семејството, сакам да им помогнам. Додека сум во Европа не можем да го правам тоа. Сега се зависи од клубот. Мојата одлука нема врска со парите. Се надевам дека клубовите ќе можат да договорат позајмица“, рекол Тореира.
Лукас Тореира во Европа пристигна во 2014 година во Пескара, откаде замина во Сампдорија, па во Арсенал. Од оваа сеозна е во Атлетико Мадрид. Тореира има договор со Арсенал до јуни 2023 година.