Лидс јунајтед запишаа очекувана победа на Шефилд јунајтед во 30.коло. Екипата на Марсело Бјелса го совлада „фенерџијата“ со 2:1. За Лидс целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Алиоски.
Лидс со оваа победа се искачија на десеттото место на табелата, додека Шефилд е закован за дното и за неколку кола и официјално ќе биде промовиран во нов член на Чемпионшип дивизијата.
Првиот гол за Лидс го постигна Херисон во 12.минута, а на истекот на првиот дел израмни Озборн.
Лидс предноста ја врати на почеткот на второто полувреме, кога во 49.минута Џагелка си постигна авто гол.