Top Sport

Завршниот турнир во АБА 2 во Подгорица, плејаут нема да се игра

Кошаркарските клубови Студентски центар и Подгорица ќе бидат домаќини на финалниот турнир во АБА 2 лигата, на кој ќе се водат завршните борби за пласман во најсилната конкуренција во регионалниот шампионат.

Финалниот турнир ќе се одржи од 19. до 26.април. МЗТ Скоппје во четврт-финалето ќе игра против Младост од Земун, а останатите двојки од оваа фаза се: Студенстски центар-Слобода, Спарс-Златибор и Борац Бања Лука-Подгорица.

Според пропозициите ќе се играат два натпревари, а за пласман во полу-финалето ќе одлучува кош разликата. Според овој систем ќе се играат полу-финалните мечеви и финалето.

На завршниот турнир Работнички, Сутјеска, Ловќен и Хелиос требаше да играат плејаут за опстанок, меѓутоа АБА го прифати барањето на клубовите да не се игра оваа фаза. Бројот на клубови во АБА 2 ќе остане ист, а пласман во ова натпреварување ќе треба да изборат преку националните првенства.

Scroll to Top