Top Sport

Зидан: Нема потреба да го копирам Клоп

Зинедин Зидан вели дека секогаш е отворен да научи нешто ново од другите фудбалски тренери, но дека нема да го „копира“ Јирген Клоп за да го повтори успехот кој тој го оствари со Ливерпул.

Французинот ќе се судри со Клоп во вторник, кога Реал Мадрид и Ливерпул ќе го одиграат првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, во реванш од финалето во 2018 година, кога Реал победи со 3:1. Зидан го донесе овој трофеј трипати на „Сантијаго Бернабеу“, а освои и две титули од Ла лига, така што не гледа причина да го имитира Клоп, кој има една домашна и една континентална титула со „црвените“.

„Клоп е голем тренер со големо искуство. Работата која ја заврши во неговата кариера е одлична. Не морам да го копирам, ниту тој да ме копира мене, но секогаш ги следам тренерите и нивната работа. Посебно, кога бев помлад и учев“, вели Зидан.

Scroll to Top