Возачот на Прамак Дукати Џек Милер ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Аргентина. Милер до својата прва пол-позиција во „кралската“ класа стигна во самиот финиш од квалификациската сесија со време 1:47.153 минути.
До Милер од првиот ред трката ќе ја започнат Дани Пероса на Репсол Хонда и Жоан Зарко на Јамаха Тех 3.
Во вториот ред се колегата на Милер, Тито Рабат, Алекс Ринс на СУзуки и актуелниот светски шампион Макс Маркез на Репсол Хонда.
Седми на стартот ќе биде Алеш Еспаргаро, а осми победникот на првата трка во сезоната Андреа Довициозо. Во првите десет уште се и Маверик Вињалес и Кал Крачлоу, а зад нив следуваат Валентино Роси и Андреа Јаноне.
Трката за Големата награда на Аргентина во „кралската“ класа се вози вечерва од 20 часот.
Do you think @jackmilleraus was pushing on those slicks?! ?#ArgentinaGP pic.twitter.com/7aNBBJrqMj
— MotoGP™??? (@MotoGP) April 7, 2018