Наполи го победи Киево пред домашната публика со 2:1 во рамките на 31.коло во Серија и остана во трката за шампионската титула.
Избраниците на Маурицио Сари беа во негатива од еден гол до 89.минута, а потоа најпрвин израмни Милик, а во 93.миниута Дијавара погоди за 2:1.
На седум кола до крајот на првенството Наполи има 77 бода, четири помалку од лидерот Јувентус. Киево остана на 14.позиција со 29 бода.
Во терминот од 15 часот, во Серија А, се одиграа уште два натпревари и двата завршија со минимални победи на домаќините.
Кротоне со голот на Сими ја победи Болоња, а Верона го победи Каљари со голот од пенал.