Top Sport

Ѓоковиќ тренира со Марјан Вајда (Видео)

Новак Ѓоковиќ во Марбелја се подготвува за сезоната на земјана подлога, а како поддршка во Шпанија пристигнал и човекот со кого Србинот ги забележа најголемите успеси во кариерата, Словакот Марјан Вајда.

Не е познато дали дали Вајда е тука само за да му помогне на Ѓоковиќ или пак ќе остане со Ѓоковиќ.

Вајда беше тренер на Ѓоковиќ од моментот кога Србинот започна да се пробива меѓу светската елита.

Кон карајот на 2013 година покрај Вајда, Ѓоковиќ го ангажираше и славниот Германец Борис Бекер. Од тој момент Вајда се појавуваше само на одредени турнири, а Бекер постојано беше со Ѓоковиќ.

Сепак, минатата сезона Ѓоковиќ реши да го распушти целиот свој стручен штаб.

Тој најпрвнин го ангажираше Андре Агаси, а потоа и Радек Штепанек, но минатата недела реши да ги отпушти овие двајца.

Ѓоковиќ е пријавен за настап на мастерсот во Монте Карло што ќе се игра од 15. до 22.април.

Scroll to Top