Оле Гунар Солскјер можеби уште не донел никаква титула за Манчестер јунајтед, но сигурно е еден од менаџерите на „ѓаволите“ со најдобра смисла за хумор, како што покажува последната снимка од тренингот на тимот.
На тренинзите пред утрешниот меч од Лига Европа со Гранада, Солскјер на тренинг побара од официјалните фотографи на клубот да најдат „насмеани“ фотографии од голманите Давид де Хеа и Дин Хендерсон, по шпекулациите за иднината на двајцата во клубот.
Според англиските медиуми, Солскјер ја загубил довербата во Де Хеа и сака да го направи Хендерсон прв голман, а и самиот Шпанец сака да замине од „Олд Трафорд“. Колку од ова е вистина, останува да се види, но Солскјер очигледно внимава што се зборува во медиумите.
„Фати некои насмеани фотографии од голманите. Има војна зона околу нив во печатот“, вика Солскјер до фотографите.
Solskjær: "Get some smiley pictures of them keepers. There's a warzone around here in the press." #mulive [beanyman sports] pic.twitter.com/nVuIItOdNE
— utdreport (@utdreport) April 7, 2021