Top Sport

Крaчлоу победи во Аргентина, нов инцидент помеѓу Маркез и Роси (Видео)

Возачот на ЛЦР Хонда Кал Крачлоу победи на трката за Големата награда на Аргентина која ја обележа инцидентот помеѓу Валентино Роси и Марк Маркез.

Карчлоу ја забележа третата победа во кариерта, второто место му припадна на Жоан Зарко, а подиумот го комплетираше Алекс Ринс. Џек Милер кој стартуваше од пол позицијата заврши на четвртото место, а петти беше Маверик Вињалес.

Дожд врнеше пред почетокот на трката, но патеката се исуши, но стартот беше одложен бидејќи возачите ги менуваа моторите.

Милер со подготвени гуми за суво стартуваше од пол позицијата, додека сите останати беа поместени три реда зад него.

Маркес го стигна, а потоа поради неспортско однесување на почетокот на трката беше казнет. Потоа Шпанецот од една грешка влегуваше во новоа.

Маркез успеа да се врати меѓу првите десет, а потоа успеа да го исфрли од трката Валентино Роси. „Докторот“ по трката не сакаше да се ракува со него.

Доколку не беше инцидентот со Роси, Маркез веројатно ќе завршеше на петтото место, но на крајот заврши на 18.позиција.

Наредната трка во шампионатот се вози во САД на 22 април.

фото: EPA

Scroll to Top