Велосипедистот на Веренда Вилемс-Крелан тимот, Мишел Гoлартс, за време на трката Париз-Рубеу доживеал инфаркт.
23-годишниот возач во критична состојба е прфрлен в болница. Од неговиот тим не објавија други информации.
„Гoлартспадна на патеката и мораше да се откаже. Итно е префрлен в болница. Толку за сега“, стои во тимското соопштение.
Гoлартс лежел на тревата покрај патот и не давал знаци на живот. Падот се случил на 148 километри до крајот на трката.
На големиот класик победи светскиот шампион Петер Саган.
фото: EPA