Top Sport

Крај на сезоната за Тирни

Арсенал, вечерва во Лига Европа, против Славија Прага, ќе биде без левиот бек Киран Тирни. Шкотскиот репрезентативец се повреди против Ливерпул, во минатото коло.

Англиските медиуми, пишуваат дека Тирни ги повредил лигаментите во коленото. Според нив, тој ќе паузира четири до шест недели. Она што е добро за левиот бек е што не мора да замине на операција, што значи дека ќе биде подготвен за ЕУРО 2020.

Отсуството е Тирни е голем проблем за Микел Артета, кој минатата недела остана без Давид Луиз. Бразилецот поради повреде веќе ја заврши сезоната.

Scroll to Top