Бундеслигашот Борусија Дортмунд сака во своите редови да го доведе шведскиот интернационалец Џордан Ларсон, син на легендарниот „викинг“ – Хенрик Ларсон.
Оваа информација ја лиферуваше „Goal“ од каде се напоменува дека „милионерите“ веќе се во потрага по нов напаѓаќ откако се интензивираа информациите дека Ерлинг Халанд летоска многу веројатно ќе ја смени средината.
Дури и да остане во Дортмунд, треба допилнителна опција во нападот затоа што во моментов единствена замена за Норвежанецот е 16-годишниот Јусуфа Мукоко.
Информациите се дека Борусија е заинтересирана во своите редови да го доведе 23-годишниот напаѓач од Шведска кој во моментов настапува за московски Спартак, а сезонава има 12 гола на 23 натпревари.
Освен „црно-жолтите“ интерес за Ларсон има и од премиерлигашот Вест Хем.
Џордан во Москва е од 2019 година, направи трансфер од 4 милиони евра од Норчепинг.
За Шведска има пет настапи и еден постигнат гол.
„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 9 милиони евра.