Работнички го победи Пелистер со 3.1, во првиот натпревар од 26.коло во домашното првенство.
Голем дел од работата, фудбалерите на Работнички, завршија во првото полувреме, кога стекнаа предност од 2:0.
Пелистер не реализираа неколку добри шанси, во воедниот дел на натпреварот, по што ги стигна казната, кога Марио Станковски погоди за 1:0 во 21.минута. Водството на Работнички го зголеми другиот Станковски, Лука, во 36.минута.
Доколку имаше дилеми околу конечниот победник, нив ги реши Јевтовски со голот за 3:0 во 65.минута.
Почесниот гол за Пелистер го постигна Кочоски во последната минута.
Работнички со оваа победа се искачи на четвртото место на табелата.