Рома се подготвени да се разделет со Един Џеко по завршувањето на сезоната. Римјаните имаат намера да го донесат на „Олимпико“, Андреа Белоти. Популарниот Гало, ќе ги напушти Торино, а Рома ќе има голема конкуренција за да го обезбеди неговиот потпис.
Не е познато за колку пари Торино ќе му дозволи на Белоти да замине од клубот. Се претпоставува дека таа сума нема да биде помала од 40 милиони евра.
Инаку, Рома ќе го откупи од Реал, договорот на Борха Мајорал. Рома оваа сезона, позајмицата на напаѓачот ја платија 10 милиони евра. За откупот на договорот, Рома ќе мора да издвои 20 милиони евра.