Top Sport

Тотенхем следната недела на состанок со Маурицио Сари!

Според италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“, Тотенхем веќе подолго време се заинтересирани да го сменат Жозе Мурињо со Маурицио Сари и веќе следната недела ќе имаат состанок со италијанскиот стручњак.

Сари уште е под договор со Јувентус, иако „бјанконерите“ го отпуштија минатото лето по освојувањето на титулата од Серија А. Сари исто така е поврзуван со Рома, каде што фудбалот му е поблизок, но предизвикот во Премиер лигата по авантурата со Челси уште стои.

Позицијата на Жозе Мурињо секој ден е се понестабилна, откако им престои голем предизвик да обезбедат топ 4 пласман и место во Лигата на шампиони. Според „Газета“, Тотенхем уште во 2018 година биле заинтересирани за Сари, пред тој да пристигне во Челси.

Scroll to Top