Манчестер сити и Пари Сен-Жермен ќе се судрат во полуфиналето на Лигата на шампионите, во пресметка на два тима „жедни“ за европски трофеј, полни со арапски пари и полни со таленти и ѕвезди.
Една таква ѕвезда е и англискиот репрезентативец, Фил Фоден, кој веднаш по мечот се фати за телефонот и му упати предизвик на Килијан Мбапе, прашувајќи го дали е подготвен за „пресметка“. Фоден инаку го постигна победничкиот гол во 2:1 триумфот кај Борусија Дортмунд, додека Мбапе стрелаше во првиот меч од четврт-финалето против Баерн Минхен.
@KMbappe are you ready ? pic.twitter.com/GOnRg5gblJ
— Phil Foden (@PhilFoden) April 14, 2021