Top Sport

Ван дер Варт: Вернер е како слеп коњ

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Рафаел ван дер Варт, во едно интервју, жестокот го критикува напаѓачот на Челси, Тимо Вернер. Челси, за Германецот, платија 50 милиони евра,тој засега не ја оправда инвестицијата.

„Вернер е супер брз и тоа е добро за гостувањата кога сте под притисок, но тој секогаш трча со наведната глава, само трча наваму натаму. Вернер е како слеп коњ. Тое веќе е видено во Германија“, рекол Ван дер Варт и дополнил.

„Јас секогаш би играл со Зијех, бидејеќи е најдобар во Челси. Зијех влегива внатре, има добар центаршут, исто како и Маунт. Такви играчи му се потребни на Жиру во нападот“.

За разлика од Вернер, Зијех не е секогаш во првите 11. Англичаните шпекулираат дека тој ќе побара трансфер по завршувањето на сезоната.

Челси, во вторникот, изборија пласман во полу-финалето во Лигата на шампионите, а во сабота против Манчестер сити ќе се борат за пласман во финалето на ФА купот.

Scroll to Top