Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), на денешната седница, меѓудругото, реши да ги награди ракометарите со 30.000 евра, доколку тие изборат пласман на Светското првенство во 2019, во Германија и Данска.
Најдобрите македонски ракометари до пласманот на уште едно големо натпреварување ја дели уште само двомечот со Романија. Доколку, во јунскиот бараж, избраниците на Раул Гонзалес, ја победат Романија до двата натпревари тоа РФМ ќе го награди со дополнителни 10.000 евра.