Top Sport

Модриќ го продолжил договорот со Реал

Лука Модриќ, го продолжил договорот со Реал Мадрид. Шпанските медиуми објавија, дека фудбалерот потпишал едногодишен договор. Планот на Модриќ е да се пензионира во дресот на Реал, по завршувањето на сезоната 2021/2022.

Лука Модриќ, се согласил, во наредната сезона да игра за помала плата. Досега тој заработувал 11 милиони евра, годишно, а во сезоната 2021/2022 неговата плата ќе биде помала за два милиони евра.

Модриќ е играч на Реал од 2012 година.

Scroll to Top