Top Sport

Се уште е брз – Маркез трет на првиот тренинг

Марк Маркез, по пауза од 265 дена, се врати на патеката. Осумкратниот светски првак, го забележа третото најдобро време на првиот тренинг, пред трката за Големата награда на Португалија.

Возачот на Репсол Хонда, кој имаше три операции, поради што имаше долг период на рехабилитација, зад најбрзиот на првиот тренинг, Маверикс Вињалес од Јамаха, задоцни за 0.251 секунди.

Второто најбрзо време го имаше Алекс Ринс од Сузуки.

Зад Маркез се најде неговиот тимски колега, Пол Еспаргаро, кој од оваа сезона вози за Репсол Хонда.

Валентино Роси беше 11. на првиот тренинг, а две места подолу се најде актуелниот светски првак, Жоан Мир.

Вториот слободен тренинг на програмата е во петок од 14.10 часот, во сабота ќе се возат два тренинга, а квалификациите за пол-позицијата ќе започнат во 14.10 часот.

 

Scroll to Top