Top Sport

Тухел вети дека Челси ќе го „лови“ Манчестер сити следната сезона

Менаџерот на Челси, Томас Тухел вети дека неговиот тим ќе го „лови“ Манчестер сити следната сезона, подготвувајќи се за дуелот во ФА куп полуфиналето со фантастична бодовна разлика од 20 поени во Премиер лигата.

Тимот на Пеп Гвардиола уште е во игра за неверојатни четири титули, со 11 поени предност во Премиер лигата, а покрај ФА купот, тие играат и во финалето на Карабао (лига) купот и во полуфиналето на Лигата на шампионите (против ПСЖ). Тухел признава дека во моментов има огромна разлика меѓу двата тима, но дека следната Челси ќе се бори за титулата.

„Мораме да прифатиме дека има разлика меѓу нас и Манчестер сити. Ако ги погледнеме последните неколку години мора да го прифатиме тоа, но не и да се потценуваме. Следната сезона ќе ги ловиме од првиот ден. Во Европа во моментов има два клуба кои се репер за сите – Манчестер сити и Баерн Минхен. Не верувам дека сите сме еднакви. Има разлика и таа мора да се намали“, вели Тухел.

Scroll to Top