Третиот тренинг, во пресрет на трката за Големата награда на Португалија, во Мото ГП шампионатот, го обележа паѓањето на младиот возач на Прамак Дукати, Хорхе Мартин.
Мартин, кој на минатата трка, ја освои првата пол-позција во кариерата, падна во седмата кривина. Шпанецот остана да лежи крај патеката, медицинските лица експресно реагираа. Возачот на Прамак Дукати на носилки беше изнесен од патеката .
Мото ГП објави дека, Мартин се наоѓа во свесна состојба и дека во текот на денот ќе му бидат извршени детални прегледи.
Најбрз на третиот тренинг беше Фабио Квартараро од Јамаха со 1:39.095 минути. Зад него беа Фабио Бањаја и Жоан Зарко. Марк Маркез, падна во третата кривина, во финишот на тренингот и го освои 11.место.
? RED FLAG ?
The session has been stopped due to a crash for @88jorgemartin at Turn 7?
The Doha polesitter is being helped by the marshals#PortugueseGP ?? pic.twitter.com/leWU1zMX2e
— MotoGP™? (@MotoGP) April 17, 2021