Тајсон Фјури по сè изгледа е блиску до кам-бек, откако покажа колку ослабел при отворена тренинг-сесија со поранешниот боксер Рики Хетон и неговиот син.
29-годишниот Фјури, кој нема влезено во рингот откако го победи Владимир Кличко во декември 2015 година за да ги освои титулите во тешка категорија, неодамна ја врати боксерската лиценца и очигледно добро се подготвува со Хетон и со неговиот син Кемпбел.
„Одлично е да се види големиот човек повторно“, напиша поранешниот шампион Хетон на Инстаграм.
Ова доаѓа откако Ентони Џошуа, кој неодамна го победи Џозеф Паркер за да додаде уште еден појас, побара јавно од него да престане да зборува и да се фокусира на подготовките за можен дуел.
„Нема сомнеж дека Тајсон знае да боксува, но додека не го видам повторно во рингот, не можам да чекам на него. Имам моја цел. Кога ќе се ‘собере’, јас сум тука“, изјави Џошуа.
Фјури: Дебел како свиња, влакнест како животно, но гладен како лав!