Top Sport

Скандал во Србија: Играчи клечат со маици „1×2“ и со нацртани мети на грбот

Неверојатна сцена во српскиот фудбал. Натпреварот од Првата лига, помеѓу Раднички од Крагуевац и Борац од Чачак е прекина по само шест минути игра. Причината за прекинот е бизарна, гостите останале со голман и петмина фудбалери на теренот.

Борац на ова гостување допатува со само седум фудбалери, а по шест минути игра се повредил еден фудбалер.

Српските медиуми ја откриваат вистината за оваа бизарна случка.

Минатата недела, Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) го казни Борац поради наводно местење на натпревари. Клубот од Чачак е казнет со одземање на шест бода и парично со четири милиони динари.

Играчите на Борац излегле на теренот во Крагуевац со намера да изведат перформанс. Пред почеткот на натпреварот тие носеле маици на кои бил нацртани мети и испишани обложувачките бројки „1X2“.

Играчиѕе на теренот, од трибините добиле поддршка од соиграчите кои носеле исти маици. Целиот перформанс го завршиле со извиците „ФСС лопови“.

 

Scroll to Top