Британскиот тенисер Даниел Еванс изјави дека никогаш нема да ја заборави победата против Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Монте Карло.
Еванс Мастерсот го заврши во полуфинале, подобар од него со 6-2 и 6-1 беше Стефанос Циципас кој денеска од 14.30 игра финале на овој турнир против Андреј Рубљев.
Пред да биде елиминиран, британскиот тенисер ги совлада Лајовиќ, Хуркач, Ѓоковиќ и Гофан.
„Беше добра недела, прилично долга. Ментално се беше многу исцрпувачки. Секако, кога ќе го победите првиот светски тенисер, не можете да кажете дека било лошо. Беше тешко против Циципас, тој играше агресивно. Морам уште многу да работам. Никогаш нема да заборавам дека го победив Новак, тоа беше неописиво чувство“ рече Еванс.
Тој од утре ќе е 26-ти на АТП листата што е негов најдобар пласман во кариерата.
„Не сум размислувал за АТП листата, едноставно уживам на теренот. Долго бев дома, така што драго ми е што се натпреварувам. Ми помогна и тоа што играв во двојки“ рече Британецот.
Во февруари годинава Еванс со полни 30 години ја освои првата АТП титула, на Мареј ривер опен во Мелбурн, а со победата против Ѓоковиќ го оствари својот прв пласман во четвртфинале на Мастерс турнир од серија 1.000.