Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба вели дека му недостасуваат трофеите и смета дека неговиот тим е многу близу до освојување на еден такво одличје.
„Многу ми недостасуваат трофеите и имам впечаток дека нешто пропуштам. Мора нешто да освоиме. Само сакам да освојам трофеј, не сакам само да играм, а ништо да не освојувам. Јас не умеам да губам, секогаш ќе сум лош во тоа, па секогаш кога играм – сакам трофеј. Мислам дека сме многу блиску до тоа, можам да речам дека напредувавме“ изјави Погба за „Скај спорт“.
Тој вели дека клубот има големи цели кои играчите сакаат да ги остварат.
„Тоа ќе е голем чекор. Задоволен сум, тука сме, близу сме. Играме во Лига Европа, се уште имаме за што да играме“ додаде Французинот.
Манчестер Јунајтед овој трофеј последен пат го освои во 2017 година, во финалето со 2-0 го победи Ајакс, а Погба го постигна првиот гол.
По 32 кола во Премиерлигата „ѓаолите“ се на втората позиција на табелата со -11 бода од градскиот ривал Сити.
„Се додека Сити не го земал трофејот, ние ќе се трудиме. Се уште имаме шанса за некој трофеј сезонава, па зошто да не се обидеме“ дециден е тој.