Top Sport

Стеф Кари не запира – 49 поени против Филаделфија

Стеф Кари, најдобриот шутер во историјата на НБА лигата, изминатиот месец игра во неверојатна форма. Последни кои го почувствуваат тоа на „своја кожа“, беа кошаркарите на Филадлефија.

Голден стејт Вориорс, славеа во Филаделфија 107:96, благодарение на Кари, кој постигна 49 поени (10 тројки). Ова е најдолга низа со 30 и повеќе поени, уште од 1964 година кога во лигата доминираше Вилт Чембрлен.

Стеф Кари на последните 11 натпревари постигнува 30 или повеќе поени. На последните четири натпревари има просек од 44 поени.

Резултати:

Детроит-Кливленд 109:105
Бостон-Чикаго 96:102
Индјана-Сан Антонио 94:109
Мајами-Хјустон 113:91
Милвоки-Финикс 127:128
Вашингтон-Оклахома 119:107
Денвер-Мемфис 139:137
Ла Лејкерс-Јута 97:111

Scroll to Top