Top Sport

Фјури и Џошуа ќе се борат во Саудиска Арабија

Познато е каде, само треба да се реши кога. Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за апсолутен првак во тешка категорија ќе се борат во Саудиска Арабија. Информацијата ја потврди менаџерот на Фјури, Боб Арум.

Борбата ќе се одржи во Саудиска Арабија бидејќи тоа била финансиски најисплатливата варијанта.

„Остана само да го потпишеме договорот. Тогаш се ќе биде официјално. Направивме голем чекор. Очекувам дека во наредните 10 до 14 дена да го одредиме и датумот“, истакнал Арум.

Достапни датуми за борбата се 24. и 31.јули, односно 7.август.

Џошува шампион во верзиите ВБА, ВБО и ИБФ, додека Фјури е шампион во верзијата на ВБЦ.

Scroll to Top