Иако само пред неколку недели веруваше дека Мекларен наскоро ќе се бори за место на подиумот, Фернандо Алонсо сега вели дека треба да се намалат очекувањата на фановите.
Двократниот Ф1 шампион признава дека Мекларен морале да имаат подобар старт на сезоната по префрлањето на моторите на Рено по три сезони со Хонда, откако Мекларен освојуваше поени со двата болиди во првите две трки од сезоната, но не докажа дека има брзина да биде ривал на Мерцедес, Ферари или Ред бул, кои користат ист мотор како нив.
„Не знам што точно очекуваа луѓето по само една сезона во која правилата остануваат во основа исти. Имаше три тима кои беа далеку пред другите минатата сезона и тие останаа таму и оваа година. Лани во првите три трки имавме нула поени, а Штофел Фандорне не беше на стартот во Бахреин поради проблем со моторот. Ако ги погледнеме фактите, а не желбите или соништата, ова е добар старт“, вели Алонсо.
Шпанецот додава дека Мекларен е единствениот тим кој имал „совршена“ сезона досега.
„Немавме механички откажувања и мислам дека сме единствен тим со таков скор. Дури и Мерцедес го сменија менувачот еднаш! Сфаќам дека е тешко да се остварат очекувањата за борба за титулата. Верувајте и јас го сакам тоа“, додава Алонсо.
Фото: ЕПА