Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ, ја поддржува УЕФА во борбата против европската Суперлига.
За италијанските медиуми, тој рекол дека проектот бил наменет само за одредени клубови, а не за целата фудбалска заедница.
„Читав што рекол Флорентино Перез. Пораката му е дека повеќе пари ќе има и за нив и за останатите. Тоа не е вистина, кога ќе погледнеме во колкав минус се тие клубови. На пример, Милан, не должи многу 100-200 милиони евра, а останатите долажат по 600, 800, 900 милиони евра…Што прават тие, зошто купуваат играчи за 50, 60 или 100 милиони евра? Јасно е дека сите пари ги сакаат само за себе. Не за фудбалот, туку за себе. Не може така, добро е што идејата не им помина“, рекол Савиќевиќ.