Top Sport

Бундес лига: Од 3.мај сите во карантин

Бундес лигата им наложи на клубовите од 3.мај да бидат во карантин. Со оваа одлука, Бундес лигата сака без поголеми проблеми да ја заврши сезоната. Фудбалерите ќе треба да бидат во карантин во своите домови или во клупските тренинг-центри.

Играчите кои се членови на клубовите од Бундес лигата или Цвајта, ќе им биде дозволено да ги напуштаат своите домови само кога одат на тренинг и кога ќе треба да ги играат натпреварите.

Целта на Бундес лигата е да ги избегнат можните зарази со вирусот Ковид-19, односно да им овозможи на клубовите со сите играчи да влезат во финишот на сезоната.

Карантинот ќе трае до 22.мај, кога официјално ќе заврши сезоната.

Scroll to Top