Голема тага се уште владее во Фиорентина откако минатиот месец, во сон, на 31-годишна возраст почина капитенот на тимот Давиде Астори.
Многумина од клубот, секој на свој начин, решија да му одадат почит на Астори. Неодамна неговиот соиграч Кристијано Бираги ги тетовираше неговите иницијали и бројот (ДА13).
На сличен начин почит му одаде и тренерот Стефано Пиоли. Во чест на Астори и тој тетовираше.
Наводно и тој се решил за иницијалите и бројот на починатиот капитен. Целиот процес е документиран на Инстаграм профилот на едно тату студио во Фиренца.