Ентони Џошуа додаде уште една титула која му недостасуваше во колекцијата – поставувајќи нов гинисов рекорд за најголема боксерска лекција, откако заедно со спонзорот „Лукозејд“ работеше со 541 доброволци во Велика Британија.
Трисеетминутната сесија во „Јорк хол“, една од најпознатите боксерски арени во Лондон беше предводена од Џошуа, кој покажа дел од своите движења и потези, кои мораа да бидат следени од сите учесници за да биде ратификуван рекордот. Ова го надгледуваа 10 „контролори“ од „Гинисовата книга на рекорди“.
Џошуа минатиот месец ја додаде и ВБО титулата на своите ИБФ, ВБО и ВБА појаси во тешка категорија, така што му недостасува само уште ВБЦ титулата, која останува кај Американецот Дионтеј Вајлдер.