Top Sport

Манчестер јунајтед и Челси ќе ја водат битката за потписот на Варан

Манчестер јунајтед и Челси ќе се „тркаат“ за потписот на Рафаел Варан. Договорот на францускиот репрезентативец со Реал истекува во јуни 2022 година. Варан одбил да го продолжи договорот, што значи дека се подготвува да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Манчестер јунајтед подолг период покажуваат интерес за Варан. Оле Гунар Солскјер смета дека тој би бил идеален партнер во одбраната за Хари Мегваер.

Не е познато колку пари се подготвени да понудата „црвените ѓаволи“ за Варан.

Ситуацијата со Варан внимателно се следи и на „Стенфорд Бриџ“. Според медиумите, Челси за овој фудбалер ќе побудат околу 70 милиони фунти.

Scroll to Top