Top Sport

Тухел удри по УЕФА: Прашаа ли некој тренер? Некој фудбалер?

Менаџерот на Челси, Томас Тухел се приклучи на незадоволните фудбалери и тренери од најавениот нов формат на Лигата на шампионите, со зголемен број на натпревари, велејќи дека ова е промена на полошо.

Оваа сезона „сините“ ќе одиграат 58 или 59 натпревари, но оваа бројка ќе биде поголема од 2024, кога клубовите во ЛШ ќе играат барем 4 натпревари повеќе во групи. Заедно со Лигата на нации и новото најавено Светско клупско првенство на ФИФА, Тухел смета дека фудбалерите во големите клубови ќе бидат на граница на исцрпеност.

„Не сум сигурен дека ми се допаѓа бидејќи само гледам повеќе натпревари во веќе напорниот календар. Тешко е да сме возбудени за таква опција. Со целата дискусија околу Суперлигата, забораваме дека имаме нов формат во ЛШ. Дали прашаа некој тренер? Некој фудбалер? Не ми се верува. Имаме Лига на нации, нов шампионат за клубовите, со многу повеќе натпревари, Европско првенство ова лето. Кој ќе ги одигра сите овие натпревари? Во исто време во Премиер лигата имаме право на три замени. Не, воопшто не сум адоволен“, вели Тухел.

Scroll to Top