Италијанските медиуми тврдат дека хрватскиот помошник на Андреа Пирло, Игор Тудор ќе биде замената на тренерот на Јувентус доколку „бјанконерите“ загубат од Удинезе, а се додава дека нивните односи се „распаднале“.
Тудор, кој беше поранешен тренер на Удинезе и Хајдук Сплит, се приклучи на тимот на Пирло во текот на летото, најмногу бидејќи има доволно искуство да му помогне на Пирло и на неговиот помпшник Роберто Баронио, но работите оваа сезона не одат најдобро за Јувентус.
Уште во март, „Ла република“ тврдеше дека Тудор веќе не разговарал со Пирло и Баронио, и сега се гледа како на можна замена на Пирло доколку во недела загуби од Удинезе. Според „Ла газета дело спорт“, Тудор и Пирло не се согласуваат во својата идеја за фудбалот.
„Тој во моментов е оставен на страна поради различно мислење и не е интегриран во модерниот тим, како што го нарече на почетокот на сезоната претседателот Андреа Ањели“, тврди „Газета“.
Јувентус се само четврти во Серија А на пет кола до крајот, израмнети на поени со третопласираниот Наполи и петтопласираниот Милан, а имаат и убедливо најтежок распоред до крајот на сзоната со мечеви со Милан и со Интер.