Top Sport

Ивановиќ: Кога си мајка најголемиот предизвик е да се наспиеш

Ана Ивановиќ очигледно ужива во животот на тенисот, откако последните месеци ги посвети на мајчинските грижи откако доби син во март со германскиот фудбалер Себастијан Швајнштајгер.

На својот официјален веб-сајт, поранешната гренд слем шампионка објави интервју во кое зборува за тоа како е да си мајка.

„Тоа е едно од најпрекрасните работи на светот. Вистинска радост, поради која почнуваш да ги цениш и малите работи како неколку часа сон во низа или обично туширање“, вели Србинката.

Таа се потсети и на времето кога беше една од најдобрите тенисерки на светот, велејќи дека уште се сеќава на титулата од Ролан Гарос во 2008 година.

„Победата на Франција опен секогаш ќе има посебно место во моето срце, но нема да го заборавам ниту мечот против Амели Морезмо на Ролан Гарос во 2005. Работев толку напорно за тие моменти“, додава Ивановиќ.

Иако има само 30 години, таа вели дека тенискиот кам-бек не е и е во плановите.

„Тенисот беше голем дел од мојот живот и имав среќа да го правам тоа што го сакам. Понекогаш ми недостасуваат натпреварувањата, но сега е време за нешто поинаку“, објаснува Ивановиќ.

Scroll to Top