Поранешниот фудбалер на Челси, Демијан Даф, жестокот го критикува Еден Азар. Даф смета дека непрофесионалноста на Азар е причината за неговите бројни повреди и лошата форма.
„Реал го платија 160 милиони евра, а тој во клубот дојде дебел, со вишок килограми. Не сакам да вперам го прстот кон некој фудбалер, но тој досега 11 пати бил повреден. За да се вратите на претходното ниво по 11 повреди мора да бидете максимално професионални“, рекол Даф, а потоа посочил која е разликата помеѓу Азар и Лионел Меси односно Кристијано Роналдо.
„Азар никогаш не бил вистински професионалец, никогаш не бил мотивиран како што се мотивирани Меси и Роналдо. Има потенцијал да биде рамо до рамо со нов двајца“, заклучил Даф.