Маурисио Почетино вели дека Пари Сен-Жермен ќе направат се што е можно да го убедат Килијан Мбапе да остане во клубот дури и да не ја освојат Лигата на шампионите, но не е сигурен дека тоа е возможно.
22-годишниот Мбапе има уште една година од договорот со ПСЖ, а клубот се наоѓа пред тешко гостување во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако дома загубија од Манчестер сити со 1:2. Денеска се објави дека не е сигурно дали Мбапе ќе биде достапен за реваншот.
„Тоа е прашање кое треба да го одговори Килијан, а не јас. Загубивме меч, но има шанси да се вратиме во реваншот – во Лигата на шампионите се случуваат такви работи. Тој има уште една година од договорот, а сите работиме на тоа тој да остане долго време кај нас. Имаме уште еден месец натпреварувања да ги оствариме целите“, изјави Почетино, откако претходно потврди дека Мбапе го прашувал за тоа како е во Премиер лигата, каде што Аргентинецот работеше како тренер на Саутемптон и Тотенхем.