Пет месеци по конфликтот околу тоа кој ќе изведува пенал, Нејмар признава дека не се согласувал добро со уругвајскиот колега од Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани, но дека тоа сега е во минатото.
Бразилецот, кој уште се опоравува од операцијата на скршеното стапало, тогаш сакаше да го изведе пеналот според шпекулациите бидејќи неговиот бонус зависел од тоа колку голови ќе постигне во сезоната.
„Луѓето дефинитивно ја направија работата поголема од што навистина беше, иако не можам да кријам дека имаше тензија и фрикција со Кавани. Но, тоа се реши бргу. Три дена по тој меч седнавме и разговаравме. Моравме да го решиме тоа двајцата без да вмешуваме некој друг. Новинарите го сакаа инцидентот бидејќи тоа се продава“, вели Нејмар во интервју за „ТВ Глобо“.
Фото: ЕПА
Нејмар му дозволи да шутира, но Кавани не реализира пенал (Видео)