Top Sport

„Зидан е виновен за елиминацијата од Челси“

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, посочи дека тренерот Зинедин Зидан е најголемиот виновник за елиминацијата на „кралскиот клуб“ од Лигата на шампионите.

Челси, синоќа, во Лондон го победи Реал со 2:0 и со вкупен резултат 3:1 избори пласман во финалето.

„Челси, во секој сегмент, беа супериорни: интензитетот, ритамот, шансите…Го сакаме Зидан, многу направил за клубот, но синоќа секоја одлука му беше погрешна. Ова ќе му нанесе голема штета на Зида. Тоа се случи и минатата сезона, но тогаш титулата во Ла Лига „покри“ некои работи. Кога започнаа да играат забележавте дека не сакаат да ја сменат сликата на теренот. Со очајниот Винисиус кој играше на погрешна позиција. Реал практично не направија ништо. Тимот делуваше збунето. Ќе видеме што ќе се случи во Примера. Имам чувство дека Реал нуди многу малку за да помислите дека сезоната ќе заврши добро“, рекол Мијатовиќ.

Поранешниот играч на Реал, рекол дека Челси заслужено се во финалето.

„Добро игравме само во првите 25 минути. Две шанси преку Бензема, но потоа тие почнаа да играат добро, да создаваат шанси. Челси беа подобри од нас и играа подобро од нас“.

Scroll to Top