Top Sport

Вентура ќе биде „спасител“ на Удинезе?

Поранешниот италијански селектор, Џампјеро Вентура е најголем кандидат за тренерското место во Удинезе, на кои им е доста од Масимо Одо, тврдат италијанските медиуми.

Според „Газета дело спорт“, Удинезе немаат веќе нерви да чекаат на резултати, откако Удинезе го доживеа деветтиот пораз во низа против Калјари. Весникот тврди дека ако се загуби од Кротоне овој викенд, поранешниот бек на Милан, Одо ќе добие директен отказ и Вентура ќе биде повикан да ја спасува сезоната.

70-годишниот Вентура е без работа откако беше отпуштен по фијаското кога Италија загуби од Шведска во баражот за пласман на Светското првенство, пропуштајќи го првпат од 1950 година. Тој веќе беше тренер на „зебрите“ во 2001/02, кога го замени Рој Хоџсон на клупата, но успеа само да стигне до 14. место во Серија А.

Удинезе се на 13. место во лигата со 33 поени, пет поени над зоната за испаѓање.

Фото: ЕПА

Во Удине уште се сеќаваат на „кобниот“ пенал од 2012! (видео)

Scroll to Top