Top Sport

Донарума се правда: Немам ништо против Неапол (видео)

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума мораше да ги објаснува своите коментари по мечот со Наполи, каде што имаше фантастична одбрана по истекот на 90-тите минути за да остане 0:0 и значително да се нарушат шансите на „партенопеи“ да ја освојат титулата – сега заостануваат 6 поени зад Јувентус.

19-годишниот голман е роден во Кастеламаре ди Стабија на само 30 километри од Наполи, и во понеделникот се пошегува дека се обидел да ја тргне раката и да дозволи Аркадиуш Милик да постигне гол. Младиот голман исто така искористи една неаполитанска навреда, што дел од фановите го протолкуваа како директна навреда на Наполи и Неапол.

„Здраво момци, прво сакам да се извинам бидејќи бев лошо протолкуван во тоа видео, кое беше многу лично и не знам како се објави на Интернет. Јас работам за Милан и секогаш го давам најдоброто за мојот клуб, а пораката беше само шега со мојот чичко како по секој натпревар. Немам ништо против Неапол и никој од таму. Ако, ништо друго, секогаш имам симпатии кон Неапол и кон луѓето бидејќи тоа е мој град. Посакувам многу среќа“, објави Донарума на својата Фејсбук страница.

Scroll to Top