Top Sport

Каменуван автобусот на МЗТ

По синоќешниот дерби натпревар одигран во Гостивар, во рамките на домашниот кошаркарски шампионат помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродорм, непознати лица го каменувале автобусот во кој биле кошаркарите на МЗТ.

Автобусот бил каменуван на улицата „Васко Карангелески“, потврдија од Секторот за внатрешни работи Скопје. Во инцидентот нема повредени лица, а било скршено едно стакло на автобусот во кој биле кошаркарите.

„На 16.04.2018 година во 22,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски“ од страна на непознати лица било скршено едно стакло од автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици, во кој се превезувале кошаркари на Кошаркарскиот клуб „МЗТ“-Скопје, а се враќале од натпревар од Гостивар. Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.

фото: mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top