Кошаркарите на МЗТ Скопје Аердорм се седми на листата на најгледани екипи екипи во АБА лигата, на натпреварите што ги играле на домашен терен. Најгледана екипа е белградски Партизан, додека на гостувањата најгледан тим е Црвена звезда. Според гледаноста на гостувањата МЗТ е на претпоследното место на листата.
МЗТ оваа сезона, имал просек од 1.972 гледачи, на 11.одиграни натпревари во СЦ „Јане Сандански“. МЗТ вкупно сезонава, во Скопје, го гледале 21.700 луѓе.
Гостинските натпревари на МЗТ ги следеле 20.100 луѓе или во просек 1.827 гледачи.
Партизан, како и минатата сезона е најгледан на домашен терен. Неговите натпревари го проследиле 50.500 луѓе или во просек по натпревар „црно-белите имале по 4.591 гледачи.
Црвена звезда е на второто место на листата на најгледани домаќини, а на првото кога станува збор за гостувањата. Црвена звезда играше и во плејофот, нејзините 14 натпревари во просек ги гледале 3.800 луѓе.
АБА лигата објави дека оваа сезона натпреварите во лигата ги гледале речиси 400.000 гледачи, односно дека во однос на минатата сезона, гледаноста пораснала за 24,5 отсто.
Минатата сезона лигата во просек ја гледале по 2.046 луѓе, а оваа сезоната 2.547 гледачи.