Сопругата и трите деца на фудбалерот на ПСВ од Ајндховен, Еран Захави, преживеале вистинска тортура, додека тој со својот тим гостувал кај Вилем 2.
Крадци влегле во домот на Захави во Амстредам, во кој била сопругата со осумгодишниот син и петгодишните близначки. Крадците им се заканиле со огнено оружје, а потоа ги врзале и устите им залепиле леплива трака.
Според холандските медиуми никој не бил повреде.
Изминатите неколку месеци, зачестија грабежите во домовите на познатите фудбалери. Последен кој преживеа ваква тортура беше фудбалерот на Рома, Крис Смолинг.