Ерик Гарсија, младиот дефанзивец на Манчестер сити, од наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона.
20-годишникот, по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе се врати на „Ноу Камп“. Барселона со Гарсија ќе потпише петгодишен договор.
Ерик Гарсија ја минал академијата на Барселона, во Сити се пресели во 2017 година. За четири сезони кај Пео Гвардиола одиграл 33 натпревари.
Трансферот на Гарсија значи дека Самуел Умтити сигурно ќе замине од Барселона, а клубот веројатно ќе го продаде и неговиот сонародник Клеман Ленгле.