Top Sport

Спектаклот Фјури – Џошуа ќе биде во август, во Саудиска Арабија

Промоторот Еди Херн најави дека долгоочекуваниот бокс-меч меѓу Британците Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за обединување на титулите во тешка категорија ќе се одржи во месец август во Саудиска Арабија.

Џошуа (31) ги има шампионските појаси во верзиите ИБФ, ВБО, ВБА и ИБО, додека една година постариот Фјури го поседува појасот во ВБЦ верзијата.

„Не можеме повеќе да криеме, мечот ќе се одржи помеѓу 7. и 14. август во Саудиска Арабија, во земјата која беспрекорно го организираше мечот меѓу Џошуа и Енди Руиз“ рече Херн.

Џошуа во кариерата има само еден пораз, додека Фјури е се уште непоразен.

Scroll to Top