Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Еди Таварез е прогласен за најдибра дефанзивец во Евролигата. Џинот од Зеленортските острови ова признание го доби и минатата сезона.
Тварез ја предводеше Евролигата со 1,8 блокади по натпревар.
Евролигата претходно наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец му ај додели на играчот на Химки, Алексеј Швед.
Во петок, Евролигата, ќе ја додели наградата „идна ѕвезда“, а наредната недела ќе ја објави најдобрата петорка.