Top Sport

Монако го прегази четвртолигашот за финале на Купот на Франција против ПСЖ

Монако на Нико Ковач ќе играат во финалето на Францускиот куп против Пари Сен-Жермен, откако очекувано со 5:1 го совладаа четвртолигашот ГФА Румији-Валиер, иако аутсајдерите први дојдоа во водство. Монако, уште има теоретски шанси за освојување на француската титула, иако за тоа им се потребни порази на ПСЖ и Лил, но финалето на Купот ќе биде најголема шанса за прва титула од 2017 година.

Четвртолигашот, кој направи сензација со пласманот во полуфиналето, дојде во водство во 20. минута преку Пеже, но Монако се врати до полувремето за 1:2 со два гола за пет минути – прво во 27. минута домаќините си постигнаа автогол, за во 32. минута Орелиен Чуамени да го комплетира пресвртот. Во второто полувреме, „кнезовите“ беа доминантни со уште три гола – Висам Бен Једер (55.), Цеск Фабрегас (78.) и Александер Головин (82.)

Scroll to Top